„Њујорк тајмс“ објави видео-снимка на која наводно се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот
Исламистите убија 25 војници, а повредени се 25 при напад врз воен пункт во западен Нигер, во близина на границата со Мали, соопшти нигерската Влада
Земјите-членки на Советот за безбедност на Обединети нации треба да се воздржат од двојни стандарди и да не ги напуштаат основните принципи на светската организација при решавање на судирите, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа изгласа резолуција, со која се ограничува претседателот Доналд Трамп да почне војна против други држави без одобрување и дебата во Конгресот
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг телефонски разговараа за „опасниот“ напад врз воздухопловните бази во Ирак, Ајн ал-Асад и Ербил, и иранската закана по регионот, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус
Вулканот Попокатапетл во Мексико исфрли камења, што летаа 1,6 километри, соопшти мексиканската Национална служба за цивилна одбрана
Украинскиот авион кој се урна во Иран, при што погинаа сите 176 патници и членови на екипажот во него, најверојатно случајно е соборен од иранската Противвоздушна одбрана (ПВО), соопштија американски претставници, цитирани од британските медиуми.
Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјави дека украинскит Боинг 737, според разузнавачки информации од разни извори, бил соборен од иранска ракета, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Претставничкиот дом на Велика Британија го одобри договорот на премиерот Борис Џонсон за излегување на Велика Британија од Европската унија со 330 гласа „за“ и 231 „против“.
Политичката криза во Венецуела предизвика одлив на повеќе од 4.8 милиони луѓе од земјата, колапс на некогаш успешното образование, економија, индустрија и здравство во земјата, и погазување на човековите права и основните слободи, се вели во денешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео.