САД ја засилија проверката на патници, багаж и карго пратки што влегуваат во земјата и го ревидираа системот за тревога на пограничните служби во случај на потребна дополнителна проверка на поединци, изјавија од Департментот за национална безбедност.
Армијата на САД ги предупреди Амерканците да не подлегнуваат на „лажни СМС пораки“ со погрешни информации дека корисниците биле регрутирани за воена служба.
Командантот на воздухопловните сили на иранската Револуционерна гарда, Амир Али Хајизадех изјави дека ракетните напади врз американски цели на Блискиот исток ќе продолжат се додека американските трупи не заминат од регионот.
Барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемено присуство на НАТО на Блискиот исток не е изненадувачко, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Либанското обвинителство денеска забрани патувања на поранешниот извршен директор на „Нисан“ Карлос Госн, откако Интерпол издаде потерница за него.
По иранскиот напад врз две бази со американски војници во Ирак и по американскиот напад со дрон во кој беше убиен иранскиот генерал Сулејмани, американскиот претседател Доналд Трамп ќе побара од своите сојузници да го поништат иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска неговиот потпретседател Мајк Пенс.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска во Багдад изјави дека треба да се спречи Ирак да стане арена на конфликти меѓу странските сили.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска ја повика Велика Британија да се вклучи во истрагата за авионската несреќа на украинскиот авион во Иран, во која погинаа 176 лица.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска остро ја осуди кампањата на омраза против новата министерка за правда Алма Задиќ.