Исламската револуционерна гарда и антиамериканските сили во муслиманскиот свет ќе бараат одмазда за нападот врз лидерот на иранската елитна бригада Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани, изјави денеска портпаролот на Гардата, Рамазан Шарих
Велика Британија денеска по атентатот на командантот на елитна единица на Иранската национална гарда, Касим Сулејмани, ги повика сите страни во Ирак да придонесат за деескалација на тензиите во регионот
Американската компанија за изнајмување камиони „Ју-хол интернејшанл“ соопшти дека отсега нема да вработува „корисници на никотин“ односно пушачи на цигари, како и корисници на електронски и алтернативни испарливи цигари
Лидерот на либански Хезболах, Саид Хасан Насралах изјави денеска дека неговата шиитска милициска група ќе продолжи по стапките на иранскиот генерал Касем Сулејмани по неговата смрт во американски воздушен напад во Ирак
Германската армија располага со 152 хеликоптери, но всушност само 20 од нив се погодни за употреба во борбени дејствија, напиша весникот „Билд“, повикувајќи се на внатрешна документација од Бундесверот
Демократите во САД изразија денеска загриеност дека убиството на командантот на Иранската револуционерна гарда, Касем Сулејмани во американски напад во Ирак ќе предизвика ескалација на судирот со Иран
Сирија денеска остро ја осуди „подлата и криминална американска агресија“, која доведе до убиството на иранскиот генерал-мајор Касем Сулејмани, што, пак, претставува сериозна ескалација на тензиите на Блискиот исток, пренесоа светските агенции, цитирајќи го соопштението на сириското Министерство за надворешн и работи
Ирачкиот премиер во оставка Адел Абдел Махди денеска изјави дека американскиот напад при што се убиени иранскиот генерал Касем Сулејман и командантот на проиранските ирачки милиции Абу Махди ал Мухандис ќе предизвика војна во земјата и во регионот
Цените на нафтата пораснаа за повеќе од четири проценти откако високиот ирански воен командант, генералот Касем Сулејмани, беше убиен во воздушен напад на американските сили во близина на аеродромот во Багдад, што доведе до загриженост дека ескалацијата на тензиите на Блискиот исток може да доведе до застој во набавката на нафта во светот
Русија предупреди на последиците од убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад