Иран и „слободните земји од регионот“ ќе им се одмаздат на САД за смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, убиен во американски ракетен напад во Ирак, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани, цитиран од француските медиуми
Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет утрово закажа итен состанок со воената команда и началниците за разузнавање за да разговара за безбедносните прашања по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак
Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека за САД политичкиот договор за денуклеаризација е најдобар пат за решавање на прашањето Северна Кореја, додавајќи оти американските сили се подготвени да се борат ако е неопходно
Генералот Касем Сулејмани, шеф на единицата „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), беше убиен денеска во американски напад од воздух врз меѓународниот аеродром во Багдад. Во нападот загинаа уште шест други лица
Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата Русија, Константин Косачов, рече дека убиството на командантот на елитната иранска единица Кудс во корпусот на Исламската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, може да предизвика нови судири меѓу радикалните шиити во Ирак и припадниците на американската војска
Во пожарите кои веќе со недели траат во Австралија загинаа милиони животни, а стотици илјади се загрозени
САД очекуваат нови напади во Ирак на паравоени сојузници на Иран, кои веројатно ќе „зажалат“, изјави шефот на Пентагон, Марк Еспер, по нападот врз американската Амбасада во Багдад и смртта на Американец во Киркук
Шпанскиот премиер Педро Санчез најверојатно ќе добие доволна поддршка во Парламентот за формирање на левичарска коалициска влада откако вчера Каталонската републиканска левица (ЕРЦ), партија која заговара отцепување на Каталонија од Шпанија, соопшти дека ќе ја поддржи владата
Иранскиот генерал Касем Солејмани, шеф на Иранската револуционерна гарда и архитект на регионалниот безбедносен апарат, е убиен во бомбашки напад на аеродромот во Багдад, објави ирачката државна телевизија
Јапонската метеоролошка агенција го подигна нивото на опасност денеска поради можна ерупција на вулкан во југозападниот дел на земјата, како резултат на зголемената сеизмичка активност во областа