Русија и Украина под покровителство на ЕУ синоќа постигнаа договор за принципите за транзит на гасот, најави еврокомесарот Марош Шефчович, олеснувач на преговорите меѓу Киев и Москва
Решавањето на прашањето на Макао и Хонг Конг, два посебни административни региони, е целосно внатрешна работа на Кина, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека Пекинг нема да дозволи странски сили да се мешаат во внатрешните работи
Министрите за животна средина на ЕУ бараат од Европската Комисија итно да подготви конкретни мерки за зачувување и спас на биодиверзитетот ширум светот
Властите на Филипини денеска соопштија дека се уапсени 342 државјани на Кина во рација спроведена поради нелиценцирано коцкање
Сенатот на САД синоќа го усвои буџетот за 2020 година во износ од 1,4 трилиони долари
Полицијата во Нов Зеланд денеска почна да го уништува полуавтоматското оружје и пушките во пресрет на 21 декември, кога на сила стапува законот кој забранува поседување такво оружје
Европската унија покажа неможност за решавање на косовското прашање, оцени шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров
Црна Гора на самитот на ЦЕИ во Рим, на кој се поканети 16 претседатели на влади, ќе го преземе од Италија ротирачкото претседавање со Иницијативата, најстар и најголем механизам на територијата на Централна и Источна Европа, во кој членуваат 17 држави, соопшти црногорската Влада
Британската Влада планира до 9 јануари да го ратификува договорот за Брегзит во Долниот дом, изјави вчера претседателот на Долниот дом, Џејкоб Рис-Мог
Околу 140 милијарди долари изнесуваат штетите од природните катастрофи во текот на оваа година, објави осигурителната компанија „Сјуис Ре“ со седиште во Цирих