Инстаграм-инфлуенсер од САД е осуден на 14 години затвор поради шема со која уценувал и принудувал интернет-корисници да се откажат од веб-домејни што тој сакал да ги поседува, соопшти американското Министерство за правда
Користењето на заменката „тие” како родово неутрална заменка за личност која не сака да биде идентификувана со машки или женски пол, е избрано за збор на 2019 година, според американскиот издавач на Речникот Меријам-Вебстер
Првиот комерцијален електричен хидроавион на Харбор Ер и Магникс имаше пробен лет во канадскиот град Ванкувер
Либиската национална армија на генералот Калифа Хафтар предупреди дека ќе го потопи секој турски брод, кој ќе ја наруши морската граница на земјата, изјави началникот на военоморските сили на Либиската национална армија, генерал-мајор Фараџ Махдави
Францускиот премиер Едуар Филип денеска пред Економскиот, социјалниот и еколошкиот совет ги претстави деталите за пензиската реформа, која според него се однесува на сите, што значи крај на специјалните пензиски режини и минимална пензија од 1000 евра
Израелските пратеници денеска почнаа со процесот на гласање за распуштање на Парламентот, Кнесетот, со што ќе овозможи закажување на трети избори за помалку од една година
Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска, реагирајќи на оценката на независен адвокат дека Судот на ЕУ не е надлежен за словенечката тужба против Хрватска во однос на имплементацијата на арбитражната одлука за границата, соопшти дека таквиот сстав за Судот не е обврзувачки
Турција ќе преземе мерки доколку САД направат непријателски чекори против неа, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу
Неумесно е да се зборува кој бил победник на самитот на „Нормандиската четворка” (Русија, Германија, Франција и Украина), бидејќи нејзините учесници имаа една цел – обновување на реалните напори за регулирање на конфликтот во југоисточна Украина
Боливиското обвинителство потврди дека е извршен претрес во домот на соборениот претседател Ево Моралес како дел од истрагата за тероризам и противдржавна дејност против поранешниот лидер на земјата кој е во егзил