Американскиот претседател Доналд Трамп денеска имал средба со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, во рамки на самитот на НАТО во близина на Лондон, на која е разговарано за тензиите предизвикани во Алијансата од турската воена операција во северниот дел на Сирија.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека го сака Западен Балкан на своја страна и се заложи за паралелни процеси на ревизија и одвивање на пристапните процеси на земјите кандидати.
Претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ денеска во Љубљана изјави дека влада на државно ниво во БиХ, ако работите се одвиваат како што треба, ќе се формира пред Нова година.
Одборот за правосудство при Претставничкиот дом експресно ја спроведува оценката на извештајот на своите колеги законодавци дека претседателот Доналд Трамп ги злоупотребил своите надлежности поради тесногради политички цели и извршил опструкција на истрагата на Конгресот.
Официјални претставници на Универзитетот Џексон во американската сојузна држава Мисисипи потврдија дека во нивниот кампус денеска дошло до пукање и дека напаѓачот веројатно се уште се наоѓа во негова близина.
Ватикан соопшти дека папата Франциск ја прифатил оставката на бискупот Ричард Џ. Малоун од Бафало во државата Њујорк, кој беше во центарот на скандалот околу сексуални злоставувања во својата бискупија.
Израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху денеска оцени дека силниот американски финансиски притисок го предизвика бранот протести против иранската Влада ширум регионот и апелираше на уште позасилена акција против владата во Техеран.
Началникот на Генералштабот на севернокорејската војска Пак Џонг- чон изјави дека бил разочаран од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој предлага употреба на воена сила врз Пјонгјанг и предупреди дека било каков напад ќе предизвика брз одговор.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска организираше ручек за лидерите на земјите членки на НАТО кои издвојуваат два отсто од својот БДП за одбраната.
Обединетите нации упатија повик за собирање приближно 29 милијарди долари, што се неопходни за хуманитарна помош, откако промената на климата и се подолготрајните конфликти предизвикуваат итна потреба од помош за десетици милиони луѓе, пренесоа француските медиуми.