Една од најстарите цркви на Венеција, византиската базилика Санта Марија Асунта, основана во 639 година, е една од 60-те цркви кои се оштетени во поплавите што го зафатија градот.
Изјавата на шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу дека Русија во целост не ги исполнила своите обврски и дека Турција ќе ја продолжи воената операција во северисточниот дел на Сирија е изненадувачка
Ревизорскиот извештај на Советот за ориентација на пензиите, нарачан од владата, предвидува дека дефицитот на пензискиот систем на Франција може да достигне од 7,9 до 17,2 милијарди евра до 2025 година
Обвинителството на Сицилија го истражува поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини заради забраната за еден хуманитарен брод летово да влезе во италијанските територијални води.
Финансиска полиција денеска изврши рација во канцелариите на Арселор Митал во Милано и Таранто и заплени докази во рамки на истрага за проблематичната фабрика за челик „Илва“ која компанијата сака да и ја врати на Владата.
Седум индиски кандидати кои полагаат тестови за потенцијални космонаути во Русија би можеле да станат „гаганаути“ – предлог за именување на индиските космонаути.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг следната недела во Париз ќе се сретне со Емануел Макрон за што „подобро да ги разбере“ критиките на францускиот претседател кој пред десетина дена оцени дека „ НАТО е во состојба на мозочна смрт“
Шведските обвинители се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж, кој во 2010 година беше пријавен за силување
Иранскиот весник „Кејхан“ денеска сугерира дека организаторите на насилните протестите во Иран поради зголемување на цената на горивото можно е да бидат осудени на смртна казна со бесење
Поранешниот американски маринец Пол Велан, кој во Русија е осомничен за шпионажа, останува во притвор, одлучи денека судот во Москва откако ја отфрли неговата жалба, продолжувајќи му го притворот до крајот на декември, пренесуваат руските медиуми