Децата родени во денешнината се соочуваат со различни и доживотни здравствени последици како резултат на климатските промени – растат во потопол свет со ризици од недостиг на храна, заразни болести, поплави и екстремни горештини, открива големо истражување објавено во списанието Лансет.
Поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес од Мексико Сити изјави дека САД му понудиле авион за да избега од Боливија.
Кипар денеска ја обвини Турција за прекршување на меѓународното право со започнување операции близу тој остров, во потрага по нафта и гас.
Можно е да се преговара за нов договор за слободна трговија меѓу Велика Британија и Европската унија до крајот на следната година, доколку тоа значително не отстапува од вежечките услови, изјави денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.
Европската инвестициска банка (ЕИБ) усвои нови критериуми за финансирање енергетски проекти, насочени кон борба против климатските промени на Земјата, најавувајќи дека ќе престане да кредитира проекти поврзани со фосилни горива од крајот на 2021 година.
Британската опозициска Лабуристичка партија вети, доколку победи на предвремените парламентарни избори на 12 декември, дека ќе ја национализира мрежата на фиксната линија на националниот телеком за да може секој да добие бесплатен пристап до широкопојасен интернет преку оптички кабли.
Италија има намера да го спроведе својот план за воведување нов данок на дигиталните компании, вклучувајќи ги и американските технолошки гиганти, и покрај заканите за одмазда кои доаѓаат од Вашингтон, соопшти денеска италијанскиот заменик-министер за економија Антонио Мисијани.
Полската државна компанија за гас соопшти дека ја известила руската „Газпром“ дека нема да го продолжи долгорочниот договор за увоз на гас по истекот на три години.
Виш управен суд во Минстер забрани употреба на автомобилските регистарски таблички со ознака „HH 1933“ (ХХ 1933), бидејќи премногу асоцира на периодот на националсоцијализам и доаѓањето на Хитлер на власт, поради што се коси со правилата за почитување на моралот и обичаите.
Француската амбасадорка за Арктик и Антарктик, Сеголен Ројал осомничена е за злоупотреба на јавни средства, откако Радио Франс изнесе обвиненија на нејзина сметка, јави дописникот на МИА.