Шпанската полиција, откако ја извлече на брегот запленетата нарко-подморница, што ја откри во непосредна близина на Понтеверде, во Галиција, утврдила дека во неа имало повеќе од три тона кокаин, што е количество поголемо од тоа што првично се претпоставуваше
Реномираниот малтешки бизнисмен Јорген Фенех понуди да сведочи против висок владин претставник во случајот со убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција и рече дека премиерот на земјата е во судир на интереси во случајот
Градот Ванкувер одлучи да ја забрани употребата на пластични сламки и кеси од април следната година, со што ќе биде првиот канадски град што воведува таква забрана
Ирачките сили за безбедност убиле најмалку 40 антивладини демонстранти во последните 24 часа додека насилството ескалира во престолнината Багдад и на југот од земјата, наведуваат официјални претставници
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал „успешното тестирање“ на супер голем ракетен систем со повеќекратно лансирање и изразил „големо задоволство“, јавуваат севернокорејските медиуми
Шпанските социјалисти и каталонската сепаратистичка партија ЕРЦ (Eskera Republikana de Katalunja) синоќа соопштија дека имале конструктивен дијалог за време на првиот официјален состанок на кој разговарале за формирање на новата шпанска Влада
На улиците на Њујорк синоќа заврши парадата организирана од „Мејсис“ за Денот на благодарноста. Парадата беше пренесувана во живо на телевизија
Кинески астрономи открија црна дупка во Млечниот Пат, која со својата величина можеби ги доведува во прашање постојните сознанија за развојот на ѕвездите.
Ренди Чаверија, наставничка по семејни и потрошувачки науки во средно училиште во Тексас, е обвинета за сексуална злоупотреба на свој ученик.
Археолози открија три дрвени ковчега во градот Луксор на југот на Египет. Наодите се стари околу 3.500 години, а за откритието е заслужен францускиот археолошки тим задолжен за некрополата Ал-Асасиф, објави вчера египетското Министерство за старини.