Светскиот форум за демократија 2019 што официјално започнува денеска во Стразбур ќе мобилизира интелектуалци, политичари, активисти, експерти и млади од целиот свет, меѓу кои и млади од Република Македонија се одржува до 6 8 ноември на тема информации и демократија
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, синоќа објави дека нема да се кандидира на претседателските избори во Полска, поради неговото тешко искуство како премиер на таа земја
Британската влада синоќа повторно одби да објави извештај за можното мешање на Русија во изборите во земјата, тврдејќи дека на владата на премиерот Борис Џонсон и треба повеќе време за да го разгледа документот
Американскиот претседател Доналд Трамп и понуди на Владата на Мексико помош за водење војна со нарко картели, откако девет члена на американско семејство беа убиени во северниот дел на Мексико
Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари следната година, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер
Човештвото е пред „климатска криза“ пишува во драматично предупредување на 11.000 научници од 153 земји кои повикуваат климатската криза да се ублажи и да се смени, објави денеска технолошката американска интернет страница ЦНЕТ.
Октомври 2019 година беше 0,63 Целзиусови степени над просечната температура од референтниот период 1981-2000, со што незначително е урнат рекордот од октомври 2015 година за 0,01 степени Целзиусови, но беше 1,2 Целзиусови степени над температурата во прединдустрискиот период.
Обединетите нации наведуваат дека во текот на интервенциите на ирачките сили за безбедност во протестите е регистриран забележителен раст на бројката на прекршувања на човековите права.
Како резултат на ваквата ситуација, извештајот забележува дека ова е девета година по ред како има пад на слободата на светската интернет мрежа.
Внукот на последниот хабсбуршки цар Карл Хабсбург-Лотхрингер мора од своето семејно презиме да ја исфрли благородничката титула „вон“, пресуди австрискиот Уставен суд.