Турската полиција привела 20 странски државјани осомничени за врски со Исламска држава, јави агенцијата Анадолија
Демонстрантите во Либан денеска дополнително ги засилија блокадите на приодите кон Бејрут со десетици возила поставени на средина од улиците, крај барикадите што стојат повеќе од десет дена, пренесуваат француските медиуми
Вкупно седум лица денеска загинаа во два автомобили во сообраќајна несреќа што се случила на прометен автопат во Унгарија
Советскиот писател и дисидент Владимир Буковски почина вчера во болница во Кембриџ, Англија, на 76-годишна возраст
Претседателот на Чиле, Себастијан Пинера, ја потврди одлуката за укинување на вонредната состојба во главниот град и другите региони на земјата, пренесоа светските агенции
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен ривал, Бени Ганц вчера почнаа нова рунда разговори за формирање Влада и за да избегнат трети парламентарни избори за помалку од една година, што е настан беа преседан
Бројот на милионери се зголеми за 1,1 милион оваа година, при што богатите Кинези првпат се побројни од богатите Американци, покажуваат податоците од најновата студија на швајцарската банка Кредит Свис
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во оваа американска држава затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови
Курдската милиција во Сирија, Единиците за народна заштита, денеска соопшти дека во заедничка акција на американските и силите предводени од Курдите на северот на Сирија бил убиен и портпаролот на лидерот на Исламска држава, Абу ал-Хасан ал Мухаџир
Авганистанските власти, по неколку одложувања, соопштија дека резултатите од претседателските избори одржани кинатиот месец, ќе бидат објавени на 14 ноември