Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека смртта на водачот на т.н. Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е голем удар за терористичката организација, но истакна дека тоа е само една фаза во борбата против истата
Сите наследници на Абу Бакр ал-Багдади, предводник на терористичката организација „Исламска држава“, ќе бидат уништени, изјави денеска Марк Еспер, првиот човек на Пентагон
Две британски опозициски партии, Шкотската национална партија и Либералните демократи сакаат изборите да се одржат на 9 декември, три дена порано од предлогот на премиерот Борис Џонсон, што претставува уште еден обид да се запре излегувањето на Велика Британија од Европската унија без договор
Абу Бакр ал-Багдади, ирачки џихадист, кој се прогласи за „калиф“ на сите муслимани како водач на сунитска Исламска држава (ИД), беше цел на воената операција на САД во Сирија и синоќа беше ликвидиран
Полицијата во централен Виетнам соопшти денеска дека зела форензички примероци од жители кои веруваат дека членовите од нивното семејство би можеле да бидат меѓу 39-те жртви кои беа пронајдени мртви во приколка на камион, минатата недела во Англија
Руското Министерство за одбрана соопшти дека не знае ништо за помош на американското воздухопловство, а која на прес-конференција ја спомна американскиот претседател Доналд Трамп, кога зборуваше за ликвидирањето на лидерот на терористичката Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади
Абу Бакр ал-Абдади е мртов, изјави на денешната прес-конференција американскиот претседател Доналд Трамп
Турција денеска соопшти дека била во „координација“ со САД пред спроведувањето на американската операција во Сирија, во која, според американските медиуми, убиен е лидерот на терористичката група Абу Бакр ал Багдади, веројатно најбараниот човек во светот
Турските и американските воени власти размениле информаици и ја координирале акцијата во Идлиб, во Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана
Две лица загинаа, а 14 се повредени во пукотница што се случила на забава во близина на кампусот на универзитетот во Гринвил, во американската сојузна држава Тексас