Најмалку 284 лица загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди денеска југоисточниот дел на земјата, рече потпретседателот Фуат Октај, ажурирајќи ги претходните бројки
Руските сили во Украина регрутираат осуденици од казнените колонии во окупираните региони на Украина за да помогнат во нивните воени активности, се вели во извештај на украинската војска.
Украина нема да користи оружје со голем дострел, ветено од САД, за да гаѓа на руска територија, туку ќе го употребува само против руските единици на окупираната украинска територија, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
Жена и дете се пронајдени мртви денеска во водите кај грчкиот остров Лерос, откако потонал гумениот чамец со кој група мигранти од Турција тргнале кон грчкиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.
Бродови и авиони на јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по девет рибари кои исчезнаа откако нивниот брод се преврте во близина на југозападниот брег на земјата.
Бидејќи неговата партија на изборите минатата година го загуби апсолутното мнозинство во парламентот, на владата и се потребни гласовите на конзервативните републиканци за да ја усвои непопуларната пензиска реформа во парламентот.
Активистичката агенција ХРАНА наведува дека во антивладините протести предизвикани од смртта на Махса Амини, во септември лани, досега се уапсени околу 20.000 лица.
Над половина милион граѓани со право на глас, денеска во Република Кипар одбираат претседател во првиот круг од претседателските избори.
Таа во телевизиско интервју го потенцираше продолжувањето на спроведувањето на реформата во правосудниот систем во Албанија, како и изборите на 14 мај.
Папата ја посвети својата проповед на темите кои доминираа во неговото патување до најмладата нација во светот - помирување и взаемно простување за грешките од минатото.