Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не е против состанок со украинскиот претседател Петро Порошенко, но дека со него е тешко да се комуницира.
Британска Зоолошка градина застана во одбрана на нејзината одлука да убие силен леопард, кој побегнал од кафез додека била отворена вратата, наведувајќи дека „немале друг избор во интерес на јавната безбедност“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган при крајот на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес, му предложил на неговиот руски колега Владимир Путин да спроведат нова средба на која ќе биде разгледана ситуацијата со сириската провинција Идлиб, каде двете страни се обидуваат да создадат демилитаризирана зона.
Франција размислува да воведе вонредна состојба со цел да се спречи повторувањето на едни од најголемите нереди во последните повеќе од 10 година, изјави денеска портпаролот на француската Влада, Бенџамин Гриво.
Францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека синоќешниот бран насилство и вандализам во Париз на никаков начин не може да се оправда и дека нема никаква врска со мирно манифестирање на легитимниот гнев.
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави синоќа дека неговата земја ја зголемила безбедноста на клучните инфраструктурни локации, како што се нуклеарните централи и пристаништата во Црното Море, поради, како што наведе „руското тестирање на светскиот поредок“.
Антисемитските стереотипи и натаму живеат во европа и се повеќе зајакнуваат, додека сеќавањето на Холокаустот почнува да бледее, покажа истражување на Си-Ен-Ен.
Лидерите на земјите членки на Г-20 ја потврдија синоќа, во завршната декларација од заклучоците од Самитот во Буенос Аирес, нивната посветеност во борбата против нееднаквоста и поддршката на малите и средните претпријатија.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера имаше „неформален разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Сара Сакаби Сандерс.
За време на протестот на Движењето „жолти елеци“ во Париз денеска се приведени најмалку 224 луѓе, додека 20 метро станици се затворени. Во протестите повредени се околу 80 луѓе, од кои 16 полицајци.