Припадник на војската на Северна Кореја утрово ја преминал границата со силно обезбедување и дезертирал во Јужна Кореја, соопшти војската на Јужна Кореја.
Француската полиција денеска употребила солзавец врз демонстрантите во Париз кои се обиделе да ги пробијат безбедносните кордони кај Елисејските полиња. Во протестите се уапсени 16 лица.
За време на состанокот со францускиот колега Емануел Макрон, претседателот на Русија Владимир Путин на парче хартија нацртал мапа од украинскиот брег за да му објасни зошто Русија ги запленила бродовите од водите кај Крим, соопштија денеска претставници од кабинетот на францускиот претседател.
Словачкиот премиер и Министерството за одбрана се скараа во врска со договорот за купување американски воени авиони Ф-16 што е најголемо воено вложување на таа држава членка на НАТО.
Извозот и увозот во Кина се зголемени за 15 отсто во споредба со минатата година, и покрај трговската војна со САД, објавија кинеските власти.
Британскиот државен министер за универзитетите и наука, Сем Џијма поднесе оставка поради несогласување со планот на премиерката Тереза Меј за Брегзит.
Состанокот на францускиот премиер Едуард Филип и претставници на демонстрантите кои со недели протестираат против зголемувањето на таксите на гориво, не вроди со плод откако некои претставници на Жолтите елеци ги напуштија разговорите.
Главниот директор на Светската трговска организација, Роберто Азеведо изјави дека слободната трговија во светот се соочува со „најлоша криза“ од 1947 година и дека сегашниот протекционистички бран е закана за слободната трговија.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави синоќа дека само рускиот „братски однос“ кон Украина спречил многу пожестока пресметка со украинските бродови во Керчискиот проток.
Сѐ уште не е докрај јасно што точно се случило меѓу руските и украинските воени бродови во неделата во Керченскиот Теснец. Дали Украинците провоцирале, како што тврди Москва? Дали тоa бил агресивен напад на Русите, како што тврди Киев?