– Утре во 15 часот цела Венецуела да излезе на улиците, изјави Гуаидо во обраќање во Парламентот.
Израелскиот јавен обвинител Авичаи Манделблит изјави дека доказите против премиерот Бенјамин Нетанјаху за корупција ќе ги претстави дури по парламентарните избори, кои ќе се одржат на 9 април.
Кина има за цел да создаде најмоќен систем за препознавање ликови на светот и планира тоа да го напарви преку проектот на Министерството за јавна безбедност од 2015 година, а кој се развива во соработка со компанија за безбедност, чие седиште се наоѓа во Шангај.
Американскиот сенатор Линдзи Грејм изјави дека ќе се залага САД да го признаат израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина.
Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика ги одложи претседателските избори во земјата и соопшти дека нема да се кандидира за петти мандат по ред.
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека најмалку 21 службеник на ОН загинаа при вчерашното уривање на авионот на „Етиопија ерлајнс“, како и дека не е утврден бројот на лица кои соработуваа со Светската организација.
Комитетот против тортурата (КПТ) на Советот на Европа денеска повторно ја обвини Руската Федерација за наводно малтретирање на осомничени уапсени од страна на полициски сили во Чеченија, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Германските конзервативци преку лидерката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, одговорија на предлозите на францускиот претседател Емануел Макрон за Европа, јави дописникот на МИА.
Премиерот на Велика Британија, Тереза Меј, вечерва ќе треба да пристигне во Стразбур со цел да постигне компромис за Брегзит, кој ќе им дозволи на пратениците да го усвојат договорот за излез од ЕУ, изјави ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковенеј, јави дописникот на МИА.
Бројот на Албаници во затворите во Велика Британија во последните пет години се зголемил за четирипати, додека нарко групите ги „окупирале“ улиците со евтин кокаин, пишува лондонскиот весник „Дејли Мирор“.