Неприфатливо е францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан да го обвини претседателот на Турција дека игра политички игри во случајот со убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, изјави денеска Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникации во Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Џихадистичката организација Исламска држава презеде одговорност за денешниот самоубистевн напад во авганистанскиот град Кабул, при што, според последните податоци, загинаа шест лица, а 20 беа ранети.
Додека пожарите во Калифорнија, во кои досега загинаа 31 лице, се уште горат, американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави своја теорија за „вистинските“ виновници за најразорниот пожар во историјата на земјата.
Британската полиција ја отвори за сообраќај главната улица во реонот на Воксхол во централниот дел на Лондон, која беше блокирана околу еден час поради пракиран сомнителен автомобил.
Вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии денеска објави дека лоцирал „најмалку 13 од 20-те тајни ракетни бази во Северна Кореја“.
Во светот се регистирарани 47 авиокомпании, чии авиони досега не се урнале, па важат за статистички најбезбедни, објави британскиот „Дејли Телеграф“.
Британската полиција блокира улица во реонот на Воксхол во централниот дел на Лондон, поради пракиран сомнителен автомобил.
Една жена загина во експлозија во фабрика за оружје во западниот дел на Романија. По експлозијата, која експлодирала во тунелот каде се тестирало оружјето, избувнал и пожар во фабриката во Куџир.
Според резултатите од 97 отсто од преброените гласови во самопрогласените републики Доњецк и Луганск, актуелните лидери Денис Пушилин и Леонид Пасечник освоија над 60 отсто од гласовите на изборите, кои се одржаа викендов.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин му подари 200 тони мандарини на својот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, како благодарност за печурките кои овој неодамна му ги испрати.