Молдавскиот претседател Игор Додон денеска предложи свикување на Сеправославен собор на кој би се разгледала одлуката на Вселенската патријаршија за давање автокефалност на Правосланата црква во Украина.
Француската полиција денеска изврши претрес во просториите на левичарската партија Непокорна Франција (ФИ), во рамки на истрагата за корупација против неа, јави ДПА.
Пазарната вредност на шведскиот производител на камиони „Волво тракс“ (Volvo Trucks) значително се намали откако компанијата призна сериозни проблеми во системот за контрола на емисии на штетни гасови на своите камиони и автобуси што се продаваат во Европа и во Северна Америка.
Еврокомесарката за дигитализација Марија Габриел соопшти дека денеска почнало спроведувањето на правилата за борба против ширењето дезинформации преку интернет платформите.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Ријад ја пренесе загриженоста на САД поради исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти Стејт департментот.
Високиот комесар за човекови права на ОН Мишел Бачелет денеска побара да бидат лишени од имунитет саудиските претставници, кои можеби се вмешани во исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги по влегувањето во зградата на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Германските власти депортирале трипати повеќе кандидати за азил во други европски земји оваа година во однос на 2017 година, покажува документ на германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.
Турската полиција ќе ја пребара резиденцијата на саудитскиот конзул во Истанбул во рамките на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар и дисидент Џамал Кашоги.
Продажбата на автомобили со дизел мотори во Европа е драстично намалена во првата половина од годинава поради загриженоста кај купувачите околу загадувањето и пониската вредност на тие возила при евентуална препродажба.
Санкциите на ЕУ против Русија се штетни за италијанските компании, изјави денеска италијанскиот премиер Џузепе Конте.