Турција објави исклучоци од правилото за забрана за финансиски трансакции во странска валута, што турската Влада ја воведе минатиот месец и со која се превидува сите продажби на имот и исплати на кредити и наемнини да се вршат исклучиво во турски лири.
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес и цунами кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси се зголеми на 1.944 жртви, соопштија денеска локалните власти.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека очекува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да ја посети Русија, а кинескиот претседател Си Џинпинг - Северна Кореја, во контекст на глобалните дипломатски напори за решавање на нуклеарната криза.
Досегашниот претседател на Интерпол, Менг Хонгвеј е под истрага во Кина, каде што е обвинет за примање мито и други кривични дела, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на кинеската Влада.
Германија конечно би требало да добие Закон за вселување со кој значително се олеснува доаѓањето на квалификувани лица од целиот свет. Што се однесува на Западен Балкан, веќе десетици илјади луѓе годишно доаѓаат во Германија
Бриселскиот првостепен суд изрече тригодишна условна казна затвор и 500 евра отштета за вработен во европските институции поради антисемитски напад врз негова колешка со еврејско потекло.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Хаити, откако земјата претходно ја потресе земјотерс со јачина од 5,9 Рихтери во кој загинаа најмалку 12 лица, а повредени се 188, соопшти локалниот Геолошки завод.
Дводневниот референдум во Романија, на кој гласачите одлучуваа за уставна измена според која семејството ќе се дефинира како заедница помеѓу маж и жена, со што ќе се забрани истополовиот брак, не успеа, бидејќи не излегоа доволен број гласачи.
Евреите, припадници на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) вчера во Висбаден формираа еврејска секција, што наиде на осуда од страна на еврејската заедница.