Новозеландските царинарници сега можат законски да побараат од патниците да ги откријат лозинките на нивните електронски уреди.
Доктор Денис Меквеги и Надја Мурад се овогодинешните лауреати на Нобеловата награда за мир поради нивните напори за запирање на користењето сексуално насилство како оружје во војните.
Поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјун-бак е осуден на 15 години затвор поради корупција.
Весникот „Вашингтон пост“ објави денеска празна страница во знак на солидарност со својот новинар и писател од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, кој исчезна за време на посетата на саудискиот Конзулат во Истанбул.
Најмалку 320 луѓе се повредени откако воз што сообраќал на релација Јоханисбург – Преторија удрил во задниот дел од воз што стоел на станица, соопшти денеска властите.
Советот на Европа бара од Хрватска да го прекине колективното протерување и полициското насилство над илегалните мигранти, за што долго предупредуваат домашни и странски невладини организации.
Десетина политички и јавни организации во Никарагва се договорија да дејствуваат заедно како опозициска сила со цел да се смени од власт на демократски начин претседателот Даниел Ортега, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од новоформираната група.
Силен земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер повторно го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти денеска Јапонската метеоролошка агенција.
Турција нема да ја напушти Сирија додека сирискиот народ не одржи избори, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Американскиот претседател Доналд Трамп е заинтересиран да се реши прашањето за Косово, вели републиканскиот сенатор и претседавач со Поткомитетот на Сенатот за Европа, Рон Џонсон.