Еврокомесарот задожен за еврото и социјалниот дијалогм Валдис Домбровскис, изјави дека сегашните буџетски планови на италијанската влада не соодветстуваат со европските правила.
Премиерот Шинѕо Абе ја реконструира Владата на Јапонија при што најважните министри ги задржаа функциите во време на тешките трговски преговори со САД.
Во силниот земјотрес и цунами што го погодија индонезискиот остров Сулавеси, загинаа најмалку 1.234 лица.
Франција ќе и предаде на Шпанија 7.000 предмети, вклучувајќи оружје и документи, кои би можеле да расветлат повеќе од 350 нерешени злосторства што ги извршила баскиската сепаратистичка организација ЕТА за време на шеесетгодишната вооружена борба за независност на Баскија.
Кинески разорувач „агресивно се доближил“ до брод на американската морнарица во Јужното Кинеско Море, и го приморал да маневрира за да не се судрат.
Цената на нафтата на берзите во Њујорк и Лондон е на највисоко ниво од ноември 2014 година, бидејќи пазарот стравува дека американските санкции против Иран ќе доведат до пад на понудата на светскиот пазар.
Турските власти наредија апсење на 417 лица осомничени за испраќање 2,5 милијарди лири, или 419 милиони долари, на банкарски сметки во странство.
Јужнокорејскиот министер за обединување Чо Мјонг-гјон пред пратениците изјави дека Северна Кореја во својот нуклеарен арсенал има од 20 до 60 бомби.
Луѓето во светот најмногу доверба имаат во германската канцеларка Ангела Меркел, а во рускиот претседател Владимир Путин имаат повеќе доверба отколку во неговиот американски колега Доналд Трамп.
Во организација на Светскиот економски форум денеска се одржува собир во Женева, насловен „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.