Шведскиот Парламент денеска му изгласа недоверба на премиерот Стефан Ловен, јави ДПА.
Земјите членки на ЕУ загубиле 150 милијарди евра од неплатен данок на додадена вредност, поради неефикасност на фискалните системи, се наведува во студија на Европската комисија.
Руски суд на опозицискиот активист Алексеј Навални му беа изрече нова казна затвор во траење од 20 дена.
Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права објави дека сириските власти префрлиле 400 припадници на џихадиситчката група Исламска држава (ИД) во областа Идлиб, која е последното поголемо упориште на бунтовниците.
Иранските власти соопштија дека уапсиле 22 лица во врска со минатонеделниот напад за време на воената парада во градот Ахваз, за кој Техеран ги обвини САД и нивните сојузници во регионот на Блискиот Исток.
Поранешниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, ќе се обиде да направи широк сојуз на националистичките лидери и партии во Европа, со цел на изборите во Европскиот парламент следната година да освојат доволно места за да можат да ги блокираат одлуките на проевропските партии.
Пет од државите потписници на нуклеарниот договор со Иран се договориле да формираат финансиски механизам, кој ќе им овозможи да продолжат да тргуваат меѓу себе без страв од санкции од страна на шестата потписничка - САД.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека одбрил продажба на воена опрема на Тајван, во вкупна вредност од 320 милиони долари.
Претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон одржаа билатерална средба на која разговараа за меѓународната безбедност, ситуацијата во Сирија, како и за трговијата меѓу САД и ЕУ, соопшти Белата куќа.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж минатата година го отфрлил предлогот на Владата на Еквадор да биде именуван за нивни дипломат на служба во Москва и со тоа конечно да ја напушти Еквадорската амбасада во Лондон, каде ги мина изминатите шест години.