Со глобалното загревање, во Европа најмногу се погодени градови на северниот дел од континетот, но и на Пиринејскиот полуостров како и на Балканот.
Заменикот на државниот обвинител на САД, Род Розенстајн не поднесе оставка на таа функција, изјави за американски медиуми доброупатен неименуван извор, иако првично беше објавено дека уснено поднел оставка.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача денеска на рускиот претседател Владимир Путин дека снабдувањето на „неодговорни играчи“ со напредни оружени системи ќе ја зголеми опасноста во регионот.
Амриканскиот советник за национална безбедност Џон Болтон изјави денеска дека плановите на Русија да ја снабдат Сирија со противвоздушен ракетен систем С- 300 претставува „значајна ескалација на Москва“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, една година откако во ОН најостро го критикуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг- ун, нарекувајќи го „човек- ракета во самоубиствена мисија“, денеска вели дека светот во меѓувреме се променил.
Италијанската влада на денешната седница усвои декрет со кој се воспоставуваат построги критериуми за хуманитарна заштита на мигрантите, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.
Шведскиот Парламент утре ќе гласа за доверба на премиерот Стефан Ловен по изборите од 9 септември.
Европската комисија ја предупреди Велика Британија дека има два месеца да отплати 2,7 милијарди евра европски приходи изгубени поради „немарноста“ на британските царини пред напливот на евтини кинески производи на внатрешниот пазар на ЕУ.
Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави денеска дека ќе се продава модната куќа Версаче, а најверојатно објавата ќе биде утре.
Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе оцени денеска, по разговорите во Виена со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, дека изборите за Европскиот парламент идната година, ќе бидат одлука за опстанување или распад на ЕУ.