На влезот на Бакингемска палата за посетители денеска е уапсен маж кој носеше огнено оружје, соопшти лондонската полиција.
Екстремистичката група Хорас ел Дин (Чувари на религијата) соопшти дека нема да го почитува Договорот постигнат помеѓу Русија и Турција за воспоставување на демилитаризирани зони во сирискиот регион Идлиб, додавајќи оти нема да се повлече од тоа подрачје.
Министерството за одбрана на Русија официјално го обвини Израел за соборување на рускиот воен авион над Сирија, истакнувајќи дека израелската армија е одговорна за „криминална немарност“.
На локалните избори во перуанскиот град Јунгар, Хитлер се надева дека ќе се врати на власт, а Ленин се обидува да го спречи.
Шпанската крајбрежна стража денеска соопшти дека во Средоземно Море спасила над 440 мигранти од Северна Африка.
Најмалку 16 лица се убиени синоќа во градот Бени во источниот дел на Демократска Република Конго при напад, за кој се претпоставува дека е дело на бунтовниците од организацијата „Обединети сили за одбрана" (Allied Defense Force), пренесува БТА.
Поради силување на жена, денеска во Иран се обесени деветмина мажи.
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави денеска дека преферира предвремени избори наместо втор референдум за Брегзит.
Психоза околу контаминираните австралиски јагода се шири во Нов Зеланд, каде еден синџир супермаркети денеска соопшти дека во една кутија со јагоди, по потекло од Австралија, се пронајдени игли за шиење,
Ирската Влада соопшти дека на 26 октомври ќе се одржи референдум за укинување на законот со кој се казнува богохулењето.