Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во Турција нема економска криза и ги повика Турците да не користат странски валути при внатрешни плаќања.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го поздрави „одличниот напредок“ во преговорите меѓу Северна и Јужна Кореја, откако Северна Кореја се согласи да уништи полигон за ракетни проби и својата главна нуклеарна постројка, како и да дозволи инспекции кои ќе проверат дали земјата навистина ги запрела нуклеарните проби.
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал денеска телефонски со германската канцеларка Ангела Меркел за конфликтите во Сирија и Украина, како и за светската економска состојба.
Дојде време да најдеме решение за европската главоболка со миграцијата, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, порачувајќи им притоа на лидерите на земјите членки на ЕУ да престанат да го користат прашањето со миграцијата за политички поени.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска најави дека во ноември ќе се одржи вонреден Самит на ЕУ, на кој ќе се дискутира за британското напуштање на Европската унија.
Руски авион-ловец од типот МиГ-31 се урна денеска во близина на градот Нижни Новгород.
Неколку земји членки на ЕУ се скептични кон идејата за проширување на мандатот на Европската агенција за контрола на границите - Фронтекс, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин, кој се наоѓа во Пјонгјанг на серија средби со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска посади дрво во дворот на резиденцијата во која престојува за време на посетата на главниот град на Северна Кореја.
Американската армија проценува дека Русија и Кина претставуваат најголема закана за кибер безбедноста на САД.
Обединетите нации предупредија дека во изминатите три месеци се зголемува бројот на цивили убиени во судирите во источна Украина.