Земјотрес со интензитет од 8.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран на 123 километри југоисточно од Фиџи, на длабочина од 669 километри, соопшти денеска американскиот Геолошки центар.
Британија, САД, Франција и Канада испратија заедничка порака до Русија во која побараа од Москва да ги открие деталите за својата програма за развој на хемискиот отров новичок. Четирите држави членки на НАТО воедно и најавија на Русија дека ќе работат заеднички за да ги сузбијат „непријателските активности на странските разузнавачки служби“ насочени кон нив.
Серијата шумски пожари во северна Калифорнија продолжува. Наредена е евакуација на жители од околината на градот Рединг, каде голем пожар се разгорил околу автопатот број 5, и од вчера до денеска се зголемил тројно.
По барање на Судот за тешки кривични дела, на две лица од албанскиот град Лежа им е запленет имот во вредност од пет милиони евра. Според полицијата, станува збир за банкарски сметки, движен и недвижен имот во сопственост на Арјан Ндоци и Јулиан Деблини, и нивните семејства.
Не е за изненадување тоа што либерален весник како „Њујорк тајмс“ така бездушно ја нападна администрацијата со оваа објава, изјави синоќа државниот секретар Мајк Помпео по повод критичната колумна објавена во њујоршкиот весник.
Најмалку три лица биле убиени во напад во американскиот град Синсинати, каде вооружено лице отворило оган во банка во центарот на градот.
Германија има „стратешки интерес" од стабилен економски развој во Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизиска станица Ер Те Ел.
Властите во италијанскиот град Фиренца, кој е магнет за туристи, ќе воведат казна за посетителите кои од 12 до 15 часот и од 18 до 22 часот ќе одлучат да јадат по тротоарите, улиците и на праговите на јавните објекти.
Шпанската крајбрежна стража денеска информираше дека пет мигранти се удавиле при потонувањето на бродче источно од Гибралтар. Спасувачите извлекле 53 преживеани мигранти од водите на Средоземно Море.
Во пресрет на новата рунда на дијалогот, како што објави Танјуг, во Брисел посочуваат дека продолжува интензивната работа од таканаречената „втора фаза", но во ЕУ како посредник не сакаат да влезат во шпекулации за можните резултати од состанокот, ниту за деталите од можното решение.