Тајландските спасувачи кои се обидуваат да ги спасат 12-те деца и нивниот тренер заглавени во една пештера во Тајланд, денеска соопштија дека момчињата се уште не се подготвени за нуркање, па затоа не може да почне операцијата за нивно извлекување.
- Владата реши да дозволи одгледување на канабис за да се процени влијанието врз криминалот, безбедноста, нарушувањето на јавниот ред и задравјето, се наведува во соопштението на холандскиот владин Кабинет.
Британската Влада го усвои планот за идните преговори со ЕУ околу истапувањето на Лондон од блокот, со кој се предлага создавање на зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и Унијата по Брегзитот, соопшти синоќа британската премиерка Тереза Меј.
Најмалку 18 лица загинаа при експлозија на автомобил бомба пред простории на бунтовничката коалиција Сириски демократски сили (СДФ) во местото Басира во провинцијата Дејр аз-Зур во источна Сирија, јави ДПА.
САД и Северна Кореја постигнаа договор за формирање на работни групи за технички прашање, вклучително и за мерките што ќе треба да ги преземе Пјонгјанг за откажување од неговата нуклеарна програма, соопшти портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Нојерт.
Новиот турски Парламент денеска ќе ја одржи својата конститутивна седница на која новоизбраните пратеници ќе положат свечена заклетва со што ќе почне да тече нивниот мандат.
Израел соопшти дека разузнавачката агенција Мосад го пронашла рачниот часовник на Ели Коен, израелски агент кој беше прогласен за национален херој по неговото погубување во Сирија пред 50 години.
Пакистанскиот антикорупциски суд денеска ја изрече долгоочекуваната пресуда во процесот за корупција против поранешниот премиер Наваз Шариф, со која го осуди на 10 години затвор поради купување луксузни станови во Лондон.
Албанија и Србија се рекордери меѓу земјите од балканскиот регион во продажба на оружје и муниција, а нивни најголем купувач е Саудиска Арабија, се наведува во извештај на Организацијата за контрола на малокалибарското и лесно оружје во Југоистична и Источна Европа (СЕЕСАЦ) за 2016 година.
Се уште има премногу прашања и премалку одговори во разговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за нејзиното напуштање на блокот, изјави денеска главниот преговарач на Унијата за Брегзитот, Мишел Барние.