Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако по него беше распишана меѓународна потерница, денеска од Израел изјави дека продолжува злоупотребата на судството на Босна и Херцеговина (БиХ) за политички цели.
Судот на Босна и Херцеговина распиша меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јавија утрово сараевските медиуми.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ од Подгорица ја поздрави изјавата на министерот за одбрана Иван Анушиќ дека Хрватска „нема да избрзува“ во „коалицијата на подготвените“ за Украина, но нагласи и дека самиот предлог е фикција и никогаш нема да се оствари.
Лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов претходно за новинарите изјави дека барањето за гласањето недоверба чисто математички, нема како да помине.
Министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека многу наскоро Албанија може да започне со производство во воената индустрија, главно во артилерија, муниција, борбени дронови и униформи „Made in Albania“.
Новинарските здруженија, АГШ и БИРН доставија до Уставниот суд барање за поништување на владината одлука за затворање на Платформата ТикТок, со аргумент дека е спротивна на Уставот и Конвенцијата за човекови права, објави А2 телевизија.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека државата издвоила 296 милиони евра за осмиот пакет мерки за заштита на стандардот на граѓаните и конкурентноста на економијата.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика.
Предлогот беше поднесен од либералните и зелените, а поддржан од социјалдемократите и левицата, но Европската народна партија (ЕПП) и екстремно десничарските групи беа против.
Република Кенија стана 118-та земја која официјално ја призна независноста на Косово, со одлука потпишана од претседателот Вилијам Руто, која сега и официјално е доставена до Претседателството, пишува Коха.