Албанија ќе ја обновува и доизградува железничката пруга, која минува низ северниот дел на земјата, поточно од граничниот премин Хан Хоти (Божај) на албанско-црногорската граница, до Вора, општина во Тирана, во близина на меѓународниот аеродром.
Не отстапуваме ни педа окупирана земја, ниту на Ердоган, ниту на некој друг, порача претседателот на Кипар Никос Христодулидс, истакнувајќи дека ќе направат сè што е можно за да се создадат услови, „да ја обединиме нашата татковина врз основа на договорената рамка“, јави дописничката на МИА од Атина.
Косовскиот премиер Албин Курти, во реакција по експлозијата кај езерото Газивода (Ујамн) на косовскиот север, порача дека безбедносните институции ќе ги изведат пред лицето на правдата авторите на тој криминален напад, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поради високите температури на Кипар, 64-годишна жена починала од топлотен удар, а три други се хоспитализирани, изјави за кипарската новинска агенција портпаролот на Државната организација за здравствени услуги Хараламбос Харилау, јави дописничката на МИА од Атина.
Пет лица загинаа во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми.
Од година во година се зголемува бројот на ангажирани пензионери во Албанија, како потреба да се покрие празнината што ја оставија младите на пазарот на трудот.
Да бидам искрен, сметам дека е апсолутно неумерено кога сум на позиција со најголемата чест што може да му се даде на еден граѓанин, да ја водам грчката надворешна политика и грчката дипломатија, да разговарам и за такви прашања.
Србите во Косово со такви пасоши беа единствените изземени од безвизниот режим на патување во ЕУ, што вообичаено важи за сите земји од Западен Балкан.
Дачиќ изјави дека обвинувањата од Сараево дека испраќањето полицајци е „акт на агресија“ и дека Србија на таков начин „поттикнува војна“ се уште еден доказ дека се што се случува се политизира.
Властите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5.000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.