Минималната плата во Грција од 1 април годинава ќе се зголеми за 50 евра, односно од 830 колку што е сега ќе достигне 880 евра, соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.
Состанокот во Стејт департментот вклучуваше дискусија и за регионалната безбедност и соработка, со посебен фокус на случувањата на Балканот, се наведува во соопштението.
Турција вчера официјално побара објаснување од Грција во врска со паролите што биле извикувани од припадници на грчките вооружени сили за време на воената парада во Атина, оценувајќи ги како „навредливи“, пренесуваат дипломатски извори од турското Министерство за надворешни работи.
Централна банка на Албанија објави дека дознаките на иселениците минатата година достигнале рекорден износ од над милијарда евра, што е зголемување од 12,5 отсто во споредба со претходната година.
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска изјави дека барањето за гласање недоверба на Владата е една нормална парламентарна пракса.
Зеленото светло од Министерството се однесува на изразениот интерес за блоковите Јужен Крит 1 и Јужен Крит 2, а дополнително ќе бидат издадени соодветно решение со кое, меѓу другото, ќе се прецизираат точните координати, видот на договорот и објавувањето на меѓународен тендер.
Хрватска нема да брза во „коалицијата на подготвените“, изјави денеска министерот за одбрана Иван Анушиќ по враќањето од официјалната посета на Франција.
Министерот за надворешни работи на Србија, во технички мандат Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија е безбедна земја, а Белград е безбеден град за странците без разлика на идеолошки, верски или други ставови, јави МИА од Белград.
Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека 75 отсто од основните училишта работат редовно, додека само едно училиште е целосно затворено (во Омољица, блису Панчево), а повеќе од 80 отсто од средните училишта одржуваат настава со полн капацитет.
Иднината на Србија е во ЕУ, порачаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објави на Икс по нивната синоќешна, како што оценија, „важна средба“ со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.