Грчките власти од вчера наредија нова евакуација на островот Евбоја, во близина на Атина, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во западниот дел на Пелопонез, додека земјата три дена се бори со огнената стихија
Во хрватскиот град Книн денеска ќе се одржи централна церемонија по повод 26 -годишнината од воено -полициската операција „Бура“, која во таа земја се слави како Ден на победата и благодарноста на татковината и како Ден на хрватските ветерани
Грчките власти наложија нова евакуација на жителите во селата во северниот дел на островот Евија, кои се опкружени со големи пожари, а од вчера се повредени тројца пожарникари.
Околу илјада луѓе се „активно обработувани“ за време и по антивладините протести минатото лето, и засега на 140 од нив им се знаат имињата. Ова се првите податоци што ги доби бугарската Комисијата за истрага за полициско насилство и прислушување на политичари и демонстранти, изјави пратеникот Николај Хаџигенов од „Стани. БГ! Доаѓаме!“ на првиот состанок на привремената Комисија.
Грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Хардаљас изјави дека во изминатото деноноќие избувнале 41 нов пожар во Грција, уништени се десетици домови и автомобили, оштетени се стотици хектари шума и земјоделско земјиште.
Едно лице загина во пожар во Ново село, на околу 50 километри од Приштина, како последица од густиот чад, соопшти косовската полиција
Поради сложената епидемилошка ситуација и високите стапки на морбидитет на 100.000 луѓе пријавени во последните 14 дена во земји блиски до Бугарија, бугарското Министерствотза здравство им препорачува на своите граѓани да се воздржат од непотребни патувања во Грција, Кипар и Турција
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ги посети северните предградија на Атина, каде пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот пред ветрот повторно да зајакне
Грчките пожарникари кои и натаму се борат со големиот шумски пожар во подножјето на Парнас, во близина на Атина, денеска рекоа дека се надеваат дека огнот ќе биде ставен под контрола во наредните часови
Амбасадор на Србија во Русија, Мирослав Лазански, почина ненадејно на 71-годишна возраст, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.