Грција ја доживува својата најголема горештина од 1987 година, предупреди денеска премиерот Киријакос Мицотакис, откако синоптичарите најавија дека температурите подоцна би можеле да достигнат 45 степени Целзиусови. Интензивната топлина помогна да се разгорат пожарите кои од саботата уништија повеќе од 3.000 хектари борови и маслинови градини во западниот дел на земјата.
Дека последните анализи се во тек пред потпишување на рамковниот договор за изградба на брзата пруга Белград-Ниш-Прешево, соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил.
Невладината организација Движење за демократија (ДД) одржа денеска симболична акција пред амбасадата на Албанија во Косово против иницијативата „Отворен Балкан“, што ја покренаа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на економскиот форум одржан минатиот четврток во Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина.
Десетина земји се подготвени да ги повлечат своите одлуки за признавање на Косово, доколку Приштина го започне процесот на повторно признавање, пишува денеска српскиот весник „Политика“, додавајќи дека постојат многу силни гаранции кои овие земји му ги дадоа на Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Со резолуција на Европскиот парламент усвоена на 15 април 2015 година, 2 август беше прогласен за Ден на сеќавање на ромските жртви на Холокаустот.
Последните денови Албанија е зафатена со пожари, кои се проширија речиси на целата нејзина територија.
Хрватската сеизмолошка служба синоќа регистира умерен земјотрес со епицентар во близина на Петриње
Доцент Ангел Кунчев изјави дека Бугарија веќе е на почеток од четвртиот бран на Ковид-19
Пожар вчера изби и на грчкиот остров Родос, што и покрај сите напори на пожарникарите, огнот е вон контрола
Црногорскиот банкарски сектор е ликвиден со една милијарда евра ликвидни средства и коефициент на солвентност од 19, што е речиси двојно повеќе од процентот на законското барање дефинирано на десет проценти, а со тоа е подготвен да поддржи квалитетни проекти