Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на градилиштето на компресорската станица Велика Плана во рамките на изградбата на гасоводот Балкански ток оцени дека овој проект е „голема работа за Србија“, но нагласи дека не може да каже дали цената на гасот би била пониска, јави дописникот на МИА од Белград.
Новиот меѓународен висок претставник во БиХ Кристијан Шмит пристигнува денеска во Босна и Херцеговина, а на 1 август ќе ја преземе должноста од неговиот претходник, Австриецот Валентин Инцко.
Претседателот на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ изјави дека е огромна штета за БИХ што не е потписничка на Договорот за мини шенген односно на иницијативата Отворен Балкан за созадавање на единствен економски простор во регионот.
Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова ги повика политичарите во Бугарија да соработуваат со Русија кога имаат интерес, како и со Европската унија кога е од корист за нивната земја да има нормален баланс, јави дописникот на МИА од Софија.
Со процесот на вакцинација против Ковид-19, кој под мотото „Албанија се насмевнува“ почна на 11 јануари во оваа земја, опфатени се 53,1 отсто од планираните 2,2 милиони граѓани.
-Имаше многу позитивни и многу негативни реакции, но освен бесмислената политика на затворање и ксенофобија, не слушнав сериозни аргументи против тоа, изјави Вучиќ сумирајќи ги заклучоците по вчерашниот самит во Скопје.
Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, кој денеска заминува од функцијата, се збогува со граѓаните на БиХ со емотивна порака, велејќи дека БиХ е едно од најубавите места во светот и земја со многу повеќе добрина отколку зло и омраза
Во албанското пристаниште Драч, откриена и запленета е нова количина на кокаин во контејнер со овошје нарачка за компанијата „Алба егзотично овошје“(Alba Exotic Fruit), за која беа и претходно двете откриени количини
Три лица загинаа во шумските пожари во близина на туристичките места на југот на Турција, а десетици села се евакуирани, јавија турските медиуми.
Ако не се врати здравиот разум, ќе се одржат предвремени избори, ова го напиша лидерот на „Има таков народ“ (ИТН) Слави Трифонов на својот Фејсбук профил, јави дописникот на МИА од Софија.