Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта дека ЕУ треба да ја промени стратегијата во однос на целиот Западен Балкан, како и Србија, и да донесе стратешки одлуки за прашањата за проширувањето.
Албанскиот премиер Еди Рама, пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, на интерес на новинарите ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Ако бидам потврдена, ќе се фокусирам повеќе на изнаоѓање решенија за билатерални прашања“, рече Кос на сослушувањето пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ).
Операцијата овозможи да се откријат онлајн центрите за измами кои ги експлоатираат жртвите на трговија со луѓе. Поточно на Филипините, полицијата упадна во магацин каде што повеќе од 250 луѓе, главно Кинези, биле вклучени во измама.
Според Пленковиќ, неговата страна со факти ги разобличила сите дезинформации и манипулации поврзани со темата.
Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград.
Помошник директорот на полицијата, полковник Драган Васиљевиќ изјави за РТС да полицијата дознала за собирот во вторникот вечерта преку објави на социјалните мрежи.
Стано рече дека обврската на Косово е формална, таа била прифатена во дијалогот со договорите од 2013 и 2023 година, била ратификувана од косовското Собрание со двотретинско мнозинство, а предлогот „начелно“ бил прифатен од лидерите на Белград и Приштина.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва оцени дека полицијата покажала, како што наведе, голема воздржаност на вечерашните насилни демонстрации во Нови Сад и порача дека секој насилник ќе биде уапсен, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ истакна дека Србија ќе го брани своето знаме и ќе ги казни сите сторители на криминални дела.