Трета доза на вакцина против коронавирусoт најверојатно ќе биде воведена во Србија, а препораките до граѓаните ќе бидат објавени до 1 август, објави „Политика“ во денешното издание
Претседателката на комисијата на Европскиот парламент за буџетска контрола, Моника Холхајмер (ЕПП), предложи европратеници да отпатуваат во Бугарија за да проверат на лице место за усвојување на европскиот буџет
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа нагласи дека вакцинацијата во државата нема да биде задолжителна
Повеќе од 336.000 туристи пристигнале во Хрватска во минатиот викенд – од петок до недела, јави ХРТ и во споредба со вториот викенд од јули минатата година, тоа е зголемување за 16 проценти, но во споредба со рекордната 2019 година – намалување за 39 проценти
Алијансата за заштита на Националниот театар поднесе кривични пријави против евроамбасадорот во Тирана, Луиџи Сореца и градоначалникот Ерион Велиај, јави дописничката на МИА од Тирана.
Полицијата на Република Српска поднесе кривична пријава против Миленко Савановиќ, поранешниот министер за труд, под сомнение дека го оштетил своето министерство за повеќе од 670.000 евра.
Задолжителна вакцинација за вработените во домовите за нега на стари лица и за здравствените работници, можност, припадниците на армијата да се вакцинираат во нивните единици и влез само за вакцинирани во местата за забава на затворено, се четирите одлуки на грчката Влада што преку видео порака до граѓаните ги соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Неопходен е премин во третата фаза од нашата стратегија за вакцинирање, па така, до утре, премиерот ќе ги соопшти одлуките на Владата што се однесуваат на задолжителна вакцинација во конкретни области, како и рамката за работа на затворените делови, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите
„Има таков народ“ го предлага Николај Василев за премиер. Слави Трифонов денеска објави дека ИТН ќе преземе одговорност за владата и ќе предложи независен кабинет, бидејќи партиите што протестираат немаат мнозинство заедно за да формираат коалициска влада
Денеска се одржа редовниот економски дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција со кој се подготвува прилагодувањето на овие земји на европските економски и финансиски правила