Привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, по завршувањето на конститутивната седница на новиот парламент, изјави дека се надева дека во најскоро време ќе се формира функционална влада
Во девет од 12 анализирани региони во Грција, регистрирано е заголемено присуство на Ковид-19 во отпадните води, зголемување кое е најголемо во Солун – за 260 отсто, во Александруполи за 255 проценти и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, за 219 отсто, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје на Грција
Светиот синод на црквата на Грција, знаејќи дека вакцинацијата е најголем чин на одговорност кон ближните, им препорачува на сите, во консултација со нивниот лекар, да го искористат овој дар од Бог, за самите да се заштитиме, но да ги заштитиме и другите, пишува во циркуларното писмо „Црквата и науката во борбата со пандемијата“, испратено од Светиот синод на ГПЦ до сите соборни храмови и цркви и кое ќе им се прочита на верниците за време на литургијата во недела
Бугарскиот Парламент со 137 гласа „за“ за претседател ја избра адвокатката Ива Митева од партијата „Има таков народ“, која беше претседател и во претходниот состав на парламентот
Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен ги осуди плановите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и кипарските Турци за отворање на летното одморалиште Вароша на Кипар
Највозрасната пратеничка во новиот бугарски Парламент, Мика Зајкова, ја отвори прва седница. Нардоните претставници во новото 46-то Национално собрание се заколнаа дека ќе се придржуваат до Уставот и законите на Бугарија
Бугарскиот претседател, Румен Радев, на влезот во Националното собрание изрази убедување дека овој пат парламентарните партии треба да формираат функционална влада, јави дописникот на МИА од Софија
Ирена Анастасова од Бугарската социјалистичка партија на влезот во Националното собрание за БНТ изјави дека овој пат нивната партија нема да го поддржи предлогот на партијата „Има таков народ“ за претседател на парламентот
Ќе има преговори меѓу партиите на промените, што го имаат имаат правото и одговорноста да формираат влада, за БНТ искоментира Маја Манолова, лидерката на “Исправи се БГ. Ние доаѓаме”
Европската комисија (ЕК) изрази загриженост во врска со некои аспекти на владеењето на правото во Словенија, која во моментов претседава со ЕУ, а опозицијата тврди дека ситуацијата во земјата под власт на премиерот Јанез Јанша е влошена