Денеска ќе се оддржи првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент по предвремените парламентарни избори, што се спроведоа на 11 јули
Редовните претседателски и локални избори за Белград, како и вонредните парламентарни избори, во Србија ќе се одржат во април следната година, соопшти Политика
На средба со новите пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС, поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов коментираше дека овој пат тие нема да предложат влада и ќе го вратат мандатот што претседателот Радев, според бугарскиот Устав, треба да им го даде како втора политичка партија
Турција мора веднаш да го запре нејзиното провокативно однесување и да се усогласи со меѓународното право, повикуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението по повод 47-годишнината од турската инвазија на Кипар
За време на контролите на грчката крајбрежна служба во петокот и за време на викендот, поради недостиг на неопходните документи на околу 2.500 лица не им било дозволено, од атинското пристаниште да се качат на брод и да стигнат на нивната дестинација, на некој од островите
Забраните што грчката Влада ги воведе за лицата кои не се вакцинирани, според 54 отсто од Грците кои биле анкетирани во истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Алко“ за телевизијата „Open“, се неопходни, додека, пак, речиси четири од десет анкетирани, односно 39 проценти сметаат дека е неоправдана поделбата на општеството
По покана на службената министерка за туризам на Бугарија, Стела Балтова, првата бугарска глумица номинирана за Оскар – Марија Бакалова беше гостинка во Министерството за туризам. Тоа, непосредно по нејзиното учество на Филмскиот фестивал во Кан
Во Белгија денеска е прогласен Ден на жалост во сеќавање на жртвите од поплавите од минатата недела
Привремениот бугарски министер за правда, Јанаки Стоилов, во коментар на бТВ изрази надеж дека членовите на Врховниот судски совет ќе покажат независност и ќе го сменат главниот обвинител Иван Гешев, но доколку Врховниот судски совет не го ослободи од функцијата пред предвидениот рок, новоизбраниот парламент на Бугарија ќе мора да го реши ова прашање