За време на приемот во резиденцијата во Бојана, по повод 142-годишнината од формирањето на дипломатската служба, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека живееме во време на динамични промени во политичкиот, социјалниот и културниот живот во нашите општества
На лицата кои влегуваат во Бугарија од земјите од „црвената зона“ се бара PCR тест заради можно пренесување на Ковид-19, изјави денеска главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев
Отворање на платформата пријавување за вакцинација на децата од 12 до 15 години, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во разговор со граѓаните од областа Месинија, за време на неговата денешна посета
Пандемијата е динамична и онаму каде што е потребно интервенираме и преземаме мерки, порача портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, како во однос на ситуацијата на Миконос и на островите, така и во однос на влезните точки во земјата
Советот на ЕУ денеска им ги продолжи мандатите за уште две години на специјалниот пратеник на ЕУ за Босна и Херцеговина, Јохан Сатлер и специјалниот пратеник за Косово, Томаш Шуњјог
Најновите настапи на високи српски функционери, особено на министерот за внатрешни работи Александар Вулин, се повеќе ја изолираат Србија од регионот и ја оддалечуваат од посакуваната цел – членство во ЕУ, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права, пренесе Н1
Михаил Рангелов, од невладиниот Форум за балкански транспорт, за Блумберг ТБ Бугарија, искоментира дека пример за тоа е автопатот „Рила“, што е поврзан со крајната јужна обиколница на Софија, минувајќи низ планинските градови Костенец, Дупница, Самоков – стигајќи до Ѓустендил, а предвидена е и врска со Македонија
Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, од утре ќе претседава со ова тело, според принципот на ротација
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја постресе југоисточна Албанија, во близина на градот Корча, јави Европскиот медитерански центар за земјотреси
Во Бугарија од денеска до 22 јули ќе се одржи меѓународна воена вежба „Тракиска ѕвезда 2021“ на која ќе учествуваат воздухопловните сили на Бугарија, Грција, Романија и САД, соопшти Бугарската национална телевизија