Обединувањето на Европа не е целосно без Западен Балкан. Со членството во Европската унија, границите стануваат помалку важни.
Бугарската влада одлучи да се приклучи на договорот што Европската комисија го потпиша со Фајзер.
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел очекува на утрешната вечера во Брисел, лидерите од Западен Балкан да му ги презентираат своите ставови за политичката состојба и развојот во регионот, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано.
Претседателот на Словенија Борут Пахор соопшти дека е усвоена заедничка декларација во рамките на процесот Брдо-Бриони, со која се повикува Европската унија да го види регионот на Западен Балкан како целина.
Постигнавме консензус регионот да остане на европскиот пат и ги подржавме намерите на државите од регионот за добивање датум за преговорите и визната либерализација, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по самитот Брдо-Бриони, јави дописникот на МИА од Белград.
Бугарскиот новинар Горан Благоев, кој е дел од иницијативната група за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија, изјави дека споменикот треба да се отстрани од центарот на бугарската престолнина.
Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ, кој траел подолго поради усогласување на заклучоците, кои ќе бидат соопштени подоцна
Косовската полиција денеска заплени 400 килограми дрога кокаин во камион натоварен со месо, што пристигнал во градот Липљан, а допатувал во земјата од пристаништето Драч во Албанија
Задоволство за фактот што со укинувањето на мерките, Грците добија поголема слобода, но и загриженост дека „многу граѓани, се чини дека веруваат дека веќе конечно се ослободивме од пандемијата, нешто што не е така“, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок за ситуацијата со Ковид-19 во земјата
За време на видеоконференциски разговор меѓу бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за култура проф. Велислав Минеков со генералната директорка на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) Одри Азуле стана јасно дека Софија ќе ја поддржи за втор мандат како генерален директор на УНЕСКО