Европската унија повика наводните нерегуларности од изборите во Албанија да се процесуираат и се надева дека земјата ќе ја одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, денеска негираше дека Берлин стои зад таканаречениот „нон-пејпер“ според кој Белград и Приштина меѓусебно ќе се признаат и ја оквалификува таа информација како – лажна
Мнозинството Грци, односно 75 отсто од анкетираните, велат дека сигурно (56 проценти) или веројатно (19 отсто) ќе се вакцинираат, а само 22 проценти одговориле негативно, според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“
Американскиот Стејт департмент оцени дека постои опасност „неоснованите шпекулации за промена на границите на Западен Балкан по етничка линија да поттикнат нестабилност во регионот“ и со тоа „да се повикаат сеќавања на затегнатоста во минатото“
„Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е содржината на наводниот нон-пејпер објавен од приштинскиот весник „Коха диторе“, јави телевизијата Н1
Во видео коментар на Фејсбук, лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, изјави дека не бега од одговорноста. Како што јави дописникот на МИА од Софоја, цитирајќи го Трифонов, „таква е одлуката на бугарскиот народ, така ги подели картите, така гласаше почитуваниот бугарски гласач, така се одвиваат работите“.
Во најголемото албанско пристаниште Драч, вплови воениот брод „Боб Хоуп“ на амерканската морнарица, што е во рамки на големите воени маневри „Дефендер Европа 21“.
Вакцината „Џенсен“, која се дава во една доза, во Бугарија ќе се користи без ограничувања, најави денеска главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев. Бугарија чекаше официјално мислење од Европската агенција за лекови (ЕМА), која даде зелено светло за употреба на вакцината за да започне вакцинација со препаратот на Џонсон и Џонсон.
Од спроведени над 2.870.000 вакцинации во Грција, со првата доза се вакцинирани 2.025.00 граѓани, односно 19,3 отсто, додека пак 845.000 лица, односно осум отсто се комплетно имунизирани, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистиклеус, на денешната редовна прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.
Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, доцна попладнево упати апел до политичките партии да не брзаат со прогласување победа, пред Централната изборна комисија (ЦИК) да ги соопшти официјаланите резултати од вчерашните парламентарни избори.