Засилена е безбедноста на црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ, бидејќи постојат индиции дека припадници на криминалниот Кавачки клан се подготвувале да го ликвидираат, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, образложувајќи дека таквите информации се добиени со преземање мерки и активности за расчистување на убиството на Зоран Ашанин, кое се случи влера во градот Мојковац.
Странските набљдувачи попладнево го презентираа првиот извештај за вчерашните парламентарни избори во Албанија, во кој главната поента е дека изборниот ден поминал многу подобро од капањата.
ЕУ од есен најавува нов план во снабдувањето со вакцини, најави потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас во интервјуто за грчкото радио „Скај“, објаснувајќи дека постои одлука преговорите да се водат со компанија што ја користи технологијата mRNA, производството на втората генерација вакцини да биде во Европа, а најблиску до овие услови е Фајзер/БиоНТек, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу денеска го прими шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој ја информираше за низа теми што се во негова надлежност, јави дописничката на МИА од Атина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево и официјално ја најави изградбата на пругата со висока брзина која треба да го поврзе Белград со Северна Македонија, но и со Турција, јави дописничката на МИА од Брисел.
Романија ќе протера руски дипломат во знак на солидарност со Чешка, која има дипломатски судир со Москва, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Букурешт, следејќи го примерот на неколку земји од Централна и Источна Европа
Ако се придржуваме до нашиот план, на крајот на мај, можеме да се доближиме до пет милиони, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од денешната владина седница
Претседателката на Европската комисија се сретна утрово со српскиот претседател, Александар Вучиќ
Пратеникот од Бугарската социјалистичка партија Филип Попов изјави дека не е изненаден од одлуката на партијата „Има таков народ” и нејзиниот лидер Слави Трифонов да го врати мандатот, бидејќи со тоа покажува дека таа не е способна да управува
Во рамките на планот за постепено олабавување на мерките, од денеска, полицискиот час е скратен и наместо од 21, ќе почнува од 22 часот, а од следниот понеделник ќе биде за уште еден час пократок