Плоштадите и парковите во неколку атински населби синоќа беа полни со друштва млади лица, кои неорганизирано и спонтано се собраа и покрај карантинот, рестрикциите и полицискиот час, а мнозинството беа без маски и не одржуваа дистанца
Поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев смета дека единствената опција за формирање влада, но со краток период на дејствување, е партијата „Има таков народ” на Слави Трифонов
Лидерката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова, по состанокот на раководството на партијата објави дека ќе ја поддржат владата на „Има таков народ“ на Слави Трифонов, јави дописникот на МИА од Софија.
Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија одлучи да ја поддржи претседателската двојка Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат со 122 гласа „за“, ниту еден против и девет воздржани, јави дописникот на МИА од Софија.
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК), Илирјан Челибаши, неколку дена пред 25 април, кога во Албанија се одржуваат парламентарните избори, ги повика младите да станат дел од изборниот процес
Безбедноста и редот на парламентарните избори на 25 април ќе ги гарантира албанската државна полиција, за што ќе бидат ангажирани над 7.500 полициски службеници
Средношколците во Република Српска ќе се вратат на училиште во понеделник, а тогаш и факултетите ќе почнат со работа, беше одлучено на седницата на Штабот на вонредни состојби на РС
Вакуумот во регионот создаден делумно од кризата со Ковид-19 и претстојната длабока рецесија во ЕУ се плодна почва за опасни националистички идеи за прецртување на границите и под итно мораат да бидат сопрени, повика Емил Кирјас
Словенија ја стави руската вакцина Спутник В на својата листа на кандидати за кампањата за имунизација против Ковид-19 и чека одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) за овој препарат
Групата„Демократска Бугарија“ во новоизбраниот бугарски парламент одлучи да работи за постојан парламент, а не за нови предвремени избори