Во Сараево денеска се одржува нов протест, со почеток во 12:05 часот пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ
Добар ден, господин Петар Преочанин, градоначалник на општина Цивjане? – Јас сум Петар, и ќе бидам градоначалник до мај, а потоа повеќе нема да бидам“. Тоа е почетокот на телефонскиот разговор со првиот човек на малата локална заедница во Хрватска
Европската иднина на Западен Балкан може да се постигне само преку реформи и нема пократок пат за членство напиша на Твитер членот на Европскиот парламент Владимир Билчик
Членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ телефонски разговараше со словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој го информирал дека не постои нон-пејпер што може да биде поврзан со словенечката Влада, а би вклучувал прекројување на границите, или повреда на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, на Фејсбук најави дека нема да бара поддршка во актуелниот бугарски Парламент за воведување мнозински изборен систем во земјата и смета дека намерата на ГЕРБ да воведе таков систем ја смета за обид на партијата да се спаси.
Новоформираниот бугарски Парламент денеска со 214 гласа „за“ ја донесе одлуката за формирање парламентарна комисија за истражување на злоупотребите и погрешното трошење средства од бугарските влади, министерствата, државни органи, претпријатија и компании со повеќе од 50 проценти државно учество во нивниот капитал во последните 10 години, јавува дописникот на МИА од Софија.
Кај две жени од северна Бугарија, инфицирани со британската верзија на коронавирусот, забележана е мутација во спајкот на протеинот на вирусот, од кој се замени аминокиселини, соопштија бугарските здравствени власти на брифинг.
Здравствените власти на Црна Гора денеска, еден месец по воведувањето на строги епидемиолошки мерки, одлучија да го вратат животот речиси целосно во нормала со укинување на повеќето рестриктивни мерки.
Бугарскиот претседател Румен Радев во понеделник ги почнува консултациите за формирање на новата бугарска Влада и за таа цел во претседателтвото ги покани парламентарните партии кои влегоа во новиот состав на Националното собрание, наведува прес-службата на шефот на државата.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека дијалогот со Србија не може да биде приоритет во ситуација кога луѓето во нејзината држава „умираат во недостиг на вакцини“ против Ковид-19