Советот на министри на Бугарија на својот состанок донесе одлука за започнување на Пописот на населението и станбениот фонд на 7 септември 2021 година и да заврши во 20.00 часот на 3 октомври 2021 година, јави дописникот на МИА од Софија.
Дејствата на руската шпионска мрежа во Бугарија се закана за целата евроатлантска заедница. Потребен ни е постојан и реален пристап кон Русија и мора да ги браниме нашите вредности – слобода, демократија, владеење на правото, човекови права “.
Под драконски безбедносни мерки, под здравствени протоколи, без публика, со ограничен број претставници на медиумите, со високи гости, утре, во Атина ќе се одржи воената парада по повод 200 години од востанието за независност на Грција, а на плоштадот Синтагма веќе неколку денови интензивно се работи на подготовките
Вкупно 87 од кандидатите за пратеници за новиот состав на бугарскиот Парламент биле поврзани со поранешната комунистичка Државна безбедност
Во Србија, со низа манифестации, положување цвеќе и венци и oдавање пошта на жртвите, денеска ќе се одбележи 22-годишнината од почетокот на воздушните напади на НАТО врз територијата на тогашна СР Југославија, која од 2015 година во Србија официјално се означува како „почеток на агресијата на НАТО“
Кризниот штаб за борба против коронавирусот на седница на која е разгледана епидемиолошката состојба во Србија одлучи да нема ублажување на постојните мерки
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, и министерот за здравство, Вили Берош, утринава во седиштето на владата во Загреб беа јавно вакцинирани со вакцината на „АстраЗенака“
Странски државјанин (50) е уапсен на атинскиот аеродром во обид да внесе во Грција над еден килограм кокаин, што го проголтал во 87 пакувања
Високите гости поканети да присуствуваат на утрешната воена парада, по поводи 200 годишнината од почетокот на востанието за независност на Грција, пристигнуваат во Атина, а предвидено е да одржат средби со грчкиот државен врв, да ја посетата реновираната Национална галерија и да присуствуваат на вечера во нивна чест во претседателската палата
Босанскиот режисер Харис Дубица објави видеоснимка која го прикажува се она што Босна и Херцеговина ја прави посебна. Во краткото видео, опфатени се Бања Лука, Сараево, Мостар, Јајце… Во низа кратки снимки, можат да се видат и планините, но и крајбрежјето на БиХ.