Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, информираше дека вчера, првиот ден од почетокот на масовната вакцинација имунизирани биле 11.487 лица низ целата земја
Оваа година граѓаните на Србија ќе можат да одат на одмор во Грција со потврда дека биле вакцинирани со која било вакцина, со негативен ПЦР тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени за српските туристи во средината на април, иако сезоната официјално започнува на 14 мај, изјавија денес во Белград министрите за туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис
Премиерка Ана Брнабиќ денес изјави дека од Србија во регионот е испратена најдобра слика за солидарност со вакцинирањето на граѓаните на другите земји и дека сите ќе бидат повикани да се ревакцинараат
Во 59-та година од животот, како последица од Ковид-19 почина Башким Фино, поранешен албански премиер и клучна личност во редовите на владејачката Социјалиситчка партија
Од почетокот на мај, единици на Националната организација за јавно здравје, ќе започнат со вакцинација во прифатните центри за бегалци и мигранти, вели министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА
Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Црна Гора, Владимир Билчик, ја повика официјална Подгорица да овозможи слобода на медиумите, бидејќи тоа е една од основните вредности на ЕУ и клучен елемент во процесот на пристапување во Унијата
Српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ изјави дека според бројот на новозаболени на дневна основа, како и процентот на заразени од бројот на тестирани, Србија во моментов е во „црна“ зона
Условите под кои српските граѓани ќе можат да ги поминат своите летни одмори до омилените дестинации на Јонското и Егејското Море, треба да бидат познати по денешната средба на српската министерка за туризам Татјана Матиќ со нејзиниот грчки колега Харис Теохарис во Белград
Од денска Словенија ги заострува ограничувањата на своите граници пред воведувањето на единаесетдневно целосно затворање за време на Велигден
Владата на Словенија денеска ги прифати препораките на епидемиолозите за построги мерки поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19.