Намален е бројот, како на новозаразени, така и на смртни случаи во Грција во изминатите 24 часа, според официјалните податоци соопштени на редовната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
По принципот еден член, еден глас, Моника Круемади е реизбрана за претседателка на третата по големина партија во Албанија, опозициското Движење за социјалистика интеграција(ЛСИ).
Во првата половина од 2020 година, Словенечкиот национален институт за јавно здравје (НИЈЗ) регистрира зголемување на бројот на издадени антидепресиви и на бројот на луѓе кои добиле најмалку еден рецепт за антидепресиви меѓу март и мај.
Во изминатите 24 часа 15.061 граѓанин биле тестирани за новиот коронавирус во Србија, од кои 5.067 биле позитивни, а 38 лица починале, што е досега најмногу смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.
Франција ја чека проценката на хрватската техничка комисија за француските борбени авиони Рафал и се надева дека ќе ја знае конечната одлука на хрватските власти во 2021 година за тоа со какви авиони ќе биде заменета воената воздушна флота, изјави денеска француската министерка за одбрана Флоренс Парли.
Мандатарот за состав на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ рекол дека комплетниот состав на владата ќе биде познат до петок и оти ќе ги испочитува роковите за да достави предлог за состав и експозе до парламентот три дена пред седницата, пишува црногорскиот весник „Вијести“.
Доследноста, континуитетот и делата, а не зборовите се од голема важност и за Грција и за нашите европски партнери, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за односите со Турција и уште еднаш повтори дека очекуваат Анкара „да запре со провокативните активности“, јави дописничката на МИА од Атина.
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија сака да биде дел од Европската унија и дека нема план Б.
Венецијанската комисија на Советот на Европа денеска ја претстави својата оценка за предлозите за измени и дополнувања на бугарскиот Устав.
Само осум приватни лекари, одговориле позитивно на повикот од Министерството за здравство на Грција да помогнат во битката со пандемијата, во моменти кога здравствениот систем во земјата е под голем притисок, откри денеска портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.