Албанскиот претседател Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, казнети се со парична казна поради непочитување на забраната за групирање на повеќе од 10 лица
Пулмологот Саша Срича смета дека најновите построги мерки за спречување на ширење на коронавирусот во Хрватска биле донесени со добра намера, но предоцна и изрази стравување дека т.н. локдаун е единственото решение
Мобилна здравствена единица со 50 кревети за итни случаи на пациенти со Ковид-19 ќе се постави во дворот на воената болница во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА
Поглаварот на Албанската автоќефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос ја доби битката со коронаврусот, јави албанската агенција Балкан веб
Околу 50 албански државјани, поголемиот број сезонски работници, со два автобуси биле вратени во Албанија, откако при влезот во Грција, иако имале потврди за негативен тест, брзите тестовите направени на граничниот премин покажале позитивен резултат, објавија грчките медиуми
Во изминатите 24 часа во Грција починаа 103 лица од Ковид-19, а намален е бројот на нови случаи во споредба со изминатите денови, односно регистрирани се 1.498 новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина.
Албанското Министертво за здравство соопшти дека денеска има помал број новозаразени, споредено со претходните денови, но треба да се има предвид дека и бројот на тестовите е помал.
Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани десет починати и 707 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 550 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Четири лица се повредени во експлозија и пожар во новата ковид болница во Клиничкиот центар во Ниш
Во криптата на храмот Свети Сава во Белград, денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј