Во Албанија, вчера, меѓу 15-те починати од Ковид-19 беше и 16- месечно бебе
Словенечката Влада им нареди на надлежните служби до 5 декември да направат подготовки за масовно тестирање на населението, како и да подготват список на доброволци за вакцинација, објави словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер
Во Турција од денеска стапува на сила делумна забрана за излегување за време на викендите, објави на Твитер турскиот министер за здравство Фахретин Коџа
Во Соборната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, околу 9 часот започна погребната литургија
Државните и јавните службеници во Хрватска од 1 декември ќе работат од дома.
Во Грција денеска е регистриран нов негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, со починати 72 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Албанија повторно нов негативен рекорд на заразени и на умрени во едно деноноќие од Ковид-19, а за првпат меѓу починатите е и 16- месечно дете.
По смртта на српскиот патријарх Иринеј, светиот Синод на Српската православна црква ќе ги преземе неговите патријаршиски должности, а со ова тело до изборот на нов патријарх ќе претседава митрополитот Дабробосански Хризостом.
Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се зголеми на вкупно 885 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 11 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо денеска беше во посета на Тирана, каде учествуваше на тркалезната маса организирана од Министерството за правда за реформите во правосудството,како и борбата против корупцијата.