Во моментов се чини дека не е реална цел да започне олабавувањето или да вратиме дел од економијата во нормала од 1 декември, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во интервјуто за телевизијата ЕРТ, во однос на тоа дали карантинот ќе заврши на 30 ноември, а ден потоа, земјата да почне да се враќа во нормала
Министерството за здравство на Кипар соопшти дека биле направи рекордни 12.363 тестови за еден ден, бројка речиси три пати поголема во споредба со просечниот број дневни тестови, а беа потврдени 268 случаи на Ковид-19
Амбасадорот Винченцо Дел Монако од Италија е новиот шеф на Мисијата Организацијата за безбедност и соработка, ОБСЕ во Албанија
Вршителката на должноста претседател на Косово и спикерка на косовското Собрание, Вјоса Османи вели дека „признавањето на вината, барањето извинување и спроведувањето на правдата“ од страна на Србија за злосторствата во војната во Косово, се „предуслови за стабилност, добрососедство и опстоен мир“ меѓу двете држави
Од 651 кревет наменет за пациенти со Ковид-19 на Одделенијата за интензивна нега во болниците во цела Грција, исполнети се 85 отсто, односно слободни се само 96 легла
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, утре ќе ја посети Босна и Херцеговина, по повод одбележувањето на 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, соопшти Европската комисија
Премиерот Еди Рама остро реагираше на обвинувањата на неговиот политички опонент, лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој гостувајќи во телевизиска емисија ги обвини властите дека го кријат реалниот број на смртни случаи од Ковид-19
Упокоениот српски патријарх Иринеј најверојатно ќе биде погребан во храмот Свети Сава во Белград, јави РТС.
Поради влошената епидемиолошка состојба во Хрватска, донесени се построги мерки за спречување на ширење на инфекцијата, што предвидува ограничено работење на угостителските објекти до 22 часот, намалување на бројот на присутни на јавни собири и одржување спортски настани без публика
Австрија оваа година протера двојно повеќе мигранти кои илегално ја минале границата од Словенија, отколку во 2019 година